Европски ФудбалФудбал

Клоп: Кога си во Ливерпул, треба постојано да победуваш

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека се надева на победа над Порто, иако неговиот тим веќе обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

„Кога потпишуваш договор со Ливерпул, како менаџер или како играч, мора да победуваш на сите натпревари“, рече Клоп.

„Тоа е она што сите го очекуваат, така што има голем притисок на нашите рамена. Не ни треба победа против Порто, но сакаме да триумфираме. Се надевам дека оваа ситуација ќе ни даде слобода да играме како што сакаме, но и желба да се браниме“.

Германскиот стручњак очекува мотивиран противник.

„Знаеме дека Порто ќе биде исклучително мотивиран поради две причини. Првиот е начинот на кој победивме со нив (5:1), а вториот е затоа што сакаат да имаат „финале“ против Атлетико во последното коло. Ќе биде тешко, но се надевам дека сите на „Енфилд“ ќе го дадат својот максимум. Ова е Лигата на шампионите и никој не треба да го сфати лесно“.

Дуелот во Ливерпул е закажан за вечер од 21 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!