Европски ФудбалФудбал

Клоп е насочен кон играчот за врска на Лестер: „Лисиците“ поставија вртоглава цена, но „црвените“ се подготвени да платат!

Ливерпул одигра сезона под своето ниво, а во следната Јирген Клоп сака многу подобри резултати.

За време на летниот преоден рок, планот е да се засили средниот ред на тимот, а германскиот стручњак беше насочен кон фудбалерот на Лестер.

Клоп сака да го донесе Јури Тилеманс во Ливерпул, а „Лисиците“ поставија неверојатна цена од 75 милиони евра.

Според англиски медиуми, се тврди дека Тилеманс сака да го напушти стадионот „Кинг Пауер“ со цел да се пресели на „Енфилд“, како и дека „црвените“ се подготвени да ја платат споменатата сума.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!