Европски ФудбалФудбал

Клоп бара три засилувања од челниците на клубот со цел Ливерпул да биде конкурентетн за титулата!

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, им порача на челниците на „црвените“ дека сака тројца фудбалери во неговиот тим за да бидат конкурентни за титулата следната сезона, пишуваат англиските медиуми.

Клоп ги посакува играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс, Ренато Санчез од Лил и крилото на Баерн, Кингсли Коман.

Цената за Тилеманс се очекува да биде превисока, но потенцијалното решение може да биде размената на фудбалери со дополнителни пари.

Германскиот стручњак го гледа Санчез како замена за Георгини Вијналдум, а се наведува дека 23-годишниот фудбалер би можел да го напушти Лил ова лето за 21 милиони фунти.

Коман би го освежил нападот на „црвените“, но наводно ова е најкомплицираниот трансфер. Наводно, неговата цена е 86 милиони фунти. Сепак, тоа може да се смени доколку тој одлучи да не го продолжи договорот со Баерн.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!