ОстанатоФудбалФутсал

Клими убедлив во Тетово против СЕЕ Университи и се израмни на врвот во Втората футсал лига

Вечерва во Тетово беше отворено последното есенско коло од Втората футсал лига на Македонија со убедлив триумф на Клими од 3:6 над СЕЕ Университи и се израмни на врвот од табелата барем до утре.

Дане Митрев вечерва беше најрасположен за погодоци во Тетово и запиша хет-трик, а во листата на стрелци за Клими се запишаа и Димитар Чоков, капитенот Виктор Аризанов и Филип Грујоски.

Кај домашните стрелаа Атмир Бакија, капитенот Хисен Мемеди и Риад Изаири.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварите во сабота и недела, по што ќе го имаме есенскиот шампион во Втората футсал лига на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!