ФудбалФутсал

Клими со убедлива победа во дербито со Конзули, високи победи за Осогово 2022 и СЕЕ Университи

Викендот започна новата сезона од Втората футсал лига на Македонија во која учество ќе земаат вкупно 11 екипи.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Клими, Бутел, Осогово 2022, СЕЕ Университи, Овче Поле, Кораби, Црешово Топче – Црешо Гага, Шкендија, Мал Ајакс, ССК 1965 и Конзули.

Колото беше отворено во петокот со дуелот во Тетово меѓу СЕЕ Университи и Шкендија каде паднаа вкупно 14 погодоци, а во градското дерби славеше СЕЕ Университи со 9:5.

За домашниот тим хет-трик постигна Гезим Азизов, двојни стрелци беа Самир Рамадани и Хисен Мемеди, а по еден гол постигнаа Атмир Бакија и Аљтин Салихи. За Шкендија двојни стрелци беа Меритон Халили, Фатмир Џелили, а еден гол постигна Еливер Нуриши.

В саботата беше одигран еден меч меѓу двете новајлии, ССК 1965 Скопје загуби на домашен терен со убедливи 2:7 од Бутел 2022. За домашниот тим во финишот погодија Бранко Ѓуровски и Илија Алексовски, додека пак за гостите двојни стрелци беа Владимир Мојсовски и Мартин Калчев, а по еден гол постигнаа Даниел Крстовски и Даниел Боневски, додека пак Бранко Ѓуровски од домашната екипа си постигна автогол.

Вчера беа одиграни три натпревари со што беше комплетирано 1. коло од новата сезона во Втората футсал лига на Македонија.

Овче Поле на домашен терен со 4:3 запиша победа над Црешово Топче – Црешо Гага од Пробиштип. За домашниот тим двојни стрелци беа Павел Смиљков и Никола Стојковиќ, додека пак за гостите двоен стрелец беше Мартин Спасов, а третиот гол беше дело на Мартин Трајчевски.

Новајлијата Осогово 2022 од Крива Паланка новата сезона ја стартуваше во убедлива победа над штипски Мал Ајакс на домашен терне. Хет-трик за домашниот тим запиша Кристијан Станојковски, двоен стрелец беше Владимир Коцевски, а по еден гол постигнаа Никола Димитровски, Мартин Ристовски и Никола Илиевски. За гостите од Штип Иван Рунтев беше двоен стрелец, а третиот гол беше дело на Даниел Стојанов.

Колото беше затворено со последниот дерби-дуел меѓу Клими и Конзули, каде домашниот тим до 8:1 го збриша гостинот од Битола. Овие две екипи минатата сезона водеа борба за освојување на првите две места кои водат во Прва лига.

Во Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци немаше ниту „Д“ од дерби, бидејќи Клими беше убедлив. Димитар Чоков постигна хет-трик, по два гола постигнаа Дане Митрев и Мартин Никовиќ, а Марјан Манев постигна еден гол. За гостите од Битола единствен стрелец беше Виктор Гелевски.

Екипата на Кораби, која, исто така е нов член на Втората футсал лига на Македонија во првото коло беше слободна.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!