
Вчера се одиграа два натпревари од 19. коло од Втората футсал лига на Македонија. Клими од Кавадарци сосема очекувано триумфираше над „фенерџијата“ Кардшлк со убедливи 2:5 среде Штип. Резултатот на полувреме беше 1:3 за гостите од Кавадарци.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
За Кардшлк двата погодоци ги постигнаа Нешат Демиров и Сердар Синанов, додека пак за Клими двоен стрелец беше Виктор Аризанов, а по еден погодок постигнаа Филип Грујоски, Марјан Манев и Валентин Колевски.
Градското дерби во Штип му припадна на Мај Ајакс кој со убедливи 4:0 славеше над градскиот ривал Астибо.
По два погодоци паднаа во двете полувремиња. Во првиот дел стрелаа Михаил Донев и Иван Рунтев, а пак во второто полугреме погодија Игор Лазов и Љубомир Тиквешанац.
Колото ќе биде комплетирано денес во Липково со дерби пресметката меѓу второпласираната екипа на Форца и лидерот Кеги Моби. Мечот е закажан за во 20 часот.