ФудбалФутсал

Клими со голема победа над Велешта

Клими запиша голема победа над Велешта со резултат од 3:6, откако на гостувањето во Струга беше подобар во меч од 8. коло од Втората футсал лига.

Резултато беше отворен пред крајот на првиот ден, односно во 19. минута, кога гостите со гол на Соколов Горан поведоа со 0:1, резултат со кој се замина и на полувреме.

На стартот на вториот дел домаќинот со гол на Шеху Мухарем израмни на 1:1, а осум минути подоцна имаше водство од 2:1 со гол ан Положани Аљбрим. Во 30. минута Аризанов Виктор донесе израмнување за Клими од 2:2, а за помалку од 60 секунди гостинот од Кавадарци со нов гол на Соколов Горан дојде до ново водство од 2:3. Велешта повторно израмни во 34. минута со гол на Шеји Илир. Соколов направи хет-трик и повторно водство на Клими од 3:4 во 37. минута. Едан минута подоцна младиот Манчев Марјан постигна гол за 3:5, а пред крајот на натпреварот повторно Манчев стрелаше за конечни 3:6.

Натпреварот го судеше искусниот Исмаили Музафер, а втор судија беше Абази Имран.

Во следното коло Велешта ќе гостува во Валандово кај екипата на Проект – Јосифово, додека Клими ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!