ОстанатоФудбалФутсал

Клими преку СФК Проект, Кеги Моби фуриозно против Овче Поле за следна фаза од Купот

Вечерва се одиграа уште два натпревари од осминафиналната рунда од футсал Купот на Макеодонија. Екипата на Клими потешко од очекуваното обезбеди следна фаза, откако на гостување во Валандово со тесен резултат (5:6) триумфираше над СФК Проект.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Првиот дел од мечот во Валандово заврши со резултат од 3:2 во полна на домашните, а беше отворен со два брзи гола на Давид Митревски за 2:0 за СФК Прокет, по што гостите од Кавадарци преку Миле Плачков намалија на 2:1. По една минута Ѓорѓи Шишков успеа да израмни на 2:2, а во последните секунди од првиот дел Митровски со трет гол донесе ново водство за неговата екипа на полувреме.

Во вториот дел само три минути беа потребни за Валентин Михајловски да погоди за 4:2, за потоа Клими да превземе иницијатива и да направи комплетен пресврт на резултатот за конечните 5:6, а стрелци на погодоците беа капитенот Виктор Аризанов, Шишков со втор гол и Марјан Манев кој беше двоен стрец, а пак голманот Дончо Јанев си постигна автогол.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Кеги Моби апсолутно ја оправда фаворитската улога и обезбеди следна фаза од Купот на Македонија, откако велешани уште на самиот старт од мечот си ја покажаа својата сила. Есенскиот првак во Втората футсал лига уште по три минути игра преку двата погодоци Жарко Спасовски дојде до водство од 0:2, а по една минута Александар Петровски намали на 1:2. До крајот на првиот дел Никола Саздовски и Трајче Ѓорѓиевски погоди за 1:4 на полувреме. Во вториот дел Давид Астарџиев и Бобан Давчевски зголемија на убедливи 1:6, а Икица Јованов ги постави конечните 2:6.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Колку за потсетување вчера СЕЕ Университи со убедливи 9:4 ја исфрли Форца и обезбеди четвртфинале. Извештајот од овој натпревар можете да го прочитате овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!