ФудбалФутсал

Клими и СЕЕ Университи го отвараат колото во Кавадарци, Кеги Моби домаќин на разиграниот Овче Поле

Денес со мечот во Кавадарци меѓу Клими и СЕЕ Университи ќе се отвори 20. коло од Втората футсал лига на Македонија. Натпреварот е закажан со почеток од 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Јосип Бартон од Скопје и Тоше Ицев од Кавадарци.

В недела ќе се одиграат два натпревари. Со почеток од 16:00 часот во Велес ќе се соочат лидерот Кеги Моби и разиграниот Овче Поле. Фаворитската улога ќе биде на страна на велешани кои од следната повторно ќе се натпреваруваат во Прва лига. Делегирани судии за овој меч се Боби Величков од Велес и Александар Ајдаров исто така од Велес.

Во Штип со почеток од 18:30 часот силите ќе ги одмерат Астибо и второпласираната екипа на Форца која од следната сезона сосема сигурно ќе настапува во Првата футсал лига на Македонија. Правдата ќе ја делат Доне Ристовски од Гевгелија и Илија Гонев од Неготино.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Колото ќе биде затворено дури во понеделник со два натпревари во Пробиштип и Битола. Во дуелот меѓу Црешово Топче и Кардшлк кој се игра во Пробиштип, фаворитската улога ќе биде на страната на домаќинот во дуелот против единствената екипа која се уште нема освоено ниту еден бод. Мечот е закажан за во 19:30 часот. Судиска двојка на овој меч ќе биде Никола Костенчев од Скопје и Славче Шоповски од Велес.

Во Битола исто така со почеток од 19:30 часот фаворитот Конзули ќе го пречека штипски Мал Ајакс. Правдата на овој меч ќе ја делат Игор Иванов од Велес и Иле Мишески од Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!