
Вечерва се одиграа два натпревари од 16. коло на Втората футсал лига на Македонија. Дербито на колото се играше во Кавадарци, а во „Јасмин“ домаќинот Клими со 5:4 го доби директниот конкурент за Прва лига Астибо.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Интересен и супер возбудлив меч во кој Астибо за Штип се врати со празни раци со што се „разгорува“ битката за местата кои водат во Прва лига.
Мартин Никовиќ постигна еден погодок, двојни стрелци кај Клими беа Дане Митрев и Петар Најдов. Кај гостите од Штип ниту хет-трикот на Иван Стојчев не беше доволен за триумф, а еден погодок беше дело на Горан Арсовски.
Црешово Топче продолжува со позитивни резултати, откако вечерва на домашен терен со 5:4 со совлада Мал Ајакс од Штип.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Марио Атанасовски беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден погодок постигнаа Антонио Стојчов, Дарко Мирков и Мартин Спасов. Кај гостите од Штип два погодоци беа дело на Мелих Шерифов, а по еден погодок постигнаа Серхан Шакиров и Игор Лазов.
Утре во Штип ќе се соочат „фенерџијата“ Кардшлк и фаворитот Форца, додека пак колото ќе биде комплетирано во вторник со дербито во Велес меѓу лидерот Кеги Моби и Конзули од Битола.