РакометРакомет - Суперлига

КЛ7 со голем триумф над Младост за максимален ефект

Ракометарите на Голден Арт КЛ7 продолжуваат со победите во плеј-аутот во Супер лигата, откако на домашен терен го совладаа Младост до Богданци со 35:31 и го забележаа максималниот четврти триумф.

Домашната екипа стартуваше со водство од 5:3, по што гостите од Богданци го свртеа резултатот на 5:6. Се играше го за гол, па на полувреме КЛ7 имаше 15:13.

Во вториот дел ракометарите на КЛ7 имаа контролна на резултатот и стигнаа до нивната максимална четврта победа и максимални 12 бодови, со што го делат првото место со Тиквеш, кој исто така има максимални 4 победи.

Кај КЛ7 најдобар беше Кристијан Симоноски со десет погодоци, додека кај Младост најмногу погодоци постигна Мите Караиванов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!