ЕУРО 2020Фудбал

Кјаер ги воодушеви навивачите на Милан, тие сакаат да биде нов капитен на италијанскиот клуб!

Капитен, лидер, спасител… сето тоа се епитети поврзани со Симон Кјаер. Капитенот на данската репрезентација со брзата реакција го спаси Кристијан Ериксен, кој се сруши на сред натпревар од Европското првенство.

Откако Ериксен се струполи на теренот, Кјаер прв му помогна, по што истрчаа лекарите на теренот и ја преземаа потребната грижа за ѕвездата на Интер. Капитенот на Данска потоа ги нареди сите соиграчи околу Ериксен со цел да го покриваат додека се укажуваше лекарската помош, а потоа ја тешеше расплаканата сопруга на Ериксен.

Фановите на Милан се импресионирани од својот фудбалер, па сакаат данскиот капитен да стане и капитен на Милан.

„Капитен Кјаер“, стои на насловната страница на „Газета дело Спорт“.

Италијанските медиуми тврдат дека тренерот Пиоли и раководство сериозно ја разгледуваат оваа опција, па нема да биде изненадување ако данскиот дефанзивец бид нов лидер на Милан во новата сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!