Кит Го во финишот до реми со Победа, Осогово немаше милост кон Росоман, двата фаворити Тиквеш и Брегалница со реми

Прилепска Победа во финишот од натпреварот во Пехчево прими гол, и мораше да се задоволи само со бод, откако одигра 2:2 со Кит Го. Гостинот од Прилеп во судиското надополнување во првиот дел дојде до водство од 0:1 со гол на Грозданоски Дарко. Во вториот дел Победа зголеми на 0:2, откако Најдов Петар ја погоди противничката мрежа во 51. минута. Кит Го преку Андонов Зоран намали на 1:2 во 62. минута. Победа се бранеше до самиот финиш, но Ступиќ Бошко во 93. минута постигна гол за 2:2, а со тоа бодовите беа поделени.
Лидерот на табелата Брегалница на домашен терен ремизираше со Каменица Саса играјќи 1:1. Штипските „сини“ први дојдoa до водство со гол на Ацковски Кристијан во 21. минута. На полувреме Брегалница имаше водство од 1:0. Во вториот дел Каменица Саса направи изненадување и со гол на Донов Илија во 83. минута израмни на конечните 1:1 и дома си заминува со гол бод од тешкото гостување кај штипскиот фаворит.
Тиквеш на Градскиот стадион во Кавадарци ремизираше без погодоци со екипата на Слога, која во Виница носи голем бод од тешкото гостување кај кавадаречкиот фаворит.
Новиот тренер на Плачковица, Крсте Крстев дебитираше со пораз, откако радовишани на тешкото гостување во Гевгелија загубија со 2:1 од Кожуф. Во првиот дел од натпреварот одигран на Градскиот стадион во Гевгелија мрежите и на двете страни. Во вториот дел паднаа три гола. Во 55. минута Кожуф дојде до водство од 1:0, откако беше досуден пенал за домаќинот, а Јаневски Андреј успешно го реализираше. Во 90. минута младиот Јанев Димитар погоди за 2:0. Во петтата минута од судиското надополнување Јошевски Андреј ги постави конечните 2:1.
Осогово одигра повторно одличен натпревар и на домашен терен со 4:1 го прегази Росоман. Домаќинот уште во првиот дел со четири погодоци го уништи Росоман, кој немаше сили да го запре противникот. Резултатот беше отворен во 22. минута со евроголот на капитенот Велинов за 1:0. Во 38. минута младиот Спасов Никола постигна гол за 2:0, а само две минути подоцна Неданоски Александар погоди за 3:0. Росоман се распадна и немаше сили да го запре налетот на Осогово, кој преку втор гол на младиот Спасов дојде до 4:0 на полувреме. Пред крајот на натпреварот Росоман успеа да постигне еден гол за конечни 4:1, а стрелец беше Андреевски Михо во 91. минута.
Брегалница останува лидер на табелата со 49 бодови, додека Тиквеш е втор со 42 бодови. На делба на третото место се Кит Го и Кожуф со по 29 бодови.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Еден Коментар