ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кит Го со реми на гостувањето против Кожуф во Гевгелија

Фудбалерите на Кит Го ремизираа и на вториот пријателски натпревар по стартот на зимските подготовки. 
По првото реми со Брегалница, избраниците на Емил Грнев одиграа без победник (1:1) и на денешното гостување против Кожуф во Гевгелија.

Кожуф до предност дојде со голот на Зумровски во првото полувреме, а во вториот дел за нашиот тим израмни Бошко Ступиќ. 

Фудбалерите на Кит Го имаа голем број шанси преку Алексовски, Ступиќ и Мичковски и за победа на натпреварот, но за жал, останаа нереализирани. Во секој случај, нова квалитетна партија на тимот на Грнев како дополнително загревање за продолжението на подготовките.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!