Кит Го со ПЕТ гола ја декласираше Плачковица, Осогово со СЕДУМ гола го уништи Росоман

Кит Го на Градскиот стадион во Штип со 5:1 ја декласираше бледата Плачковица. Домаќините одиграа фантастичен натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и ја запишаа својата шеста сезонска победа, додека радовишани кој водат тешка борба за опстанок го претрпеа деветиот сезонски пораз.
Осогово го одигра најдобриот натпревар во тековната сезона, откако со високи 1:7 го уништи Росоман и го „закова“ на дното од табелата. Екипата од Кочани сосема заслужено дојде до посакуваните три бодови и ја запиша својата четврта сезонска победа.
Каменица Саса одигра одличен натпревар и со победа го заврши есенскиот дел од сезоната, откако на домашен терен со сигурни 3:1 го доби тешкиот натпревар со Кожуф од Гевгелија.
Слога немаше сили за изненадување со Брегалница и загуби со 1:3. Штипјани кој важеа за фаворити на овој натпревар ја оправдаа фаворитската улога во одличен и отворен натпревар од двете страни. Брегалница е есенски шампион во Втората лига – Исток, а после денешното реми на Тиквеш, штипјани сигурно чекорат кон Прва лига.
Победа дојде до важен бод на тешкиот натпревар со фаворитот Тиквеш, откако ремизираше без голови. Прилепчани водат битка за опстанок во ВМФЛ – Исток, па овој голем бод ќе им значи многу. Тиквеш ќе го чека тешка пролет доколку сака да го обезбеди првото место и директен влез во Првата лига.
Во однос на табелата, Брегалница е прва со 42 бодови, со седум бода помалку е второпласираниот Тиквеш, додека на третото место е Кожуф со 25 бода. На дното од табелата остануваат Росоман со 8 бодови и Плачковица со 11 бодови.