ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Кит Го на контролен натпревар со Осогово

Денес екипата на Кит Го ќе го одигра третиот контролен натпревар против Осогово од Кочани, на Градскиот стадион во Пехчево со почеток од 13:00 часот.
На првиот контролен натпревар Кит Го ремизираше 1:1 со Брегалница, а со ист резултат ремизираше и со Кожуф.
Осогово денес го игра вториот контролен натпревар, а на првиот загуби од Брегалница со 1:2 во Кочани.