ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Кит Го на дерби со Кожуф, Победа гостува кај Саса, Тиквеш против Осогово

Утре се играат натпреварите од 23. коло на Втората лига – Исток. Кит Го на домашен терен во Пехчево игра дерби со екипата на Кожуф од Гевгелија, Слога на Градскиот стадион во Виница ја чека Плачковица.
Каменица Саса ќе биде домаќин на прилепска Победа, лидерот Брегалница како домаќин ќе игра на Градскиот стадион во Кочани против „фенерџијата“ Росоман.
Дерби дуел ќе биде одигра и во Кавадарци меѓу Тиквеш и расположениот Осогово.
Сите пет натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ