ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кит Го максимално се подготвува, првиот тест против Слога Виница на 24 јули

Фудбалерите на Кит Го максимално активно ја одработуваат почетната фаза од подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.

Позитивната атмосфера, максималната желба за напредок кај младите фудбалери и постојаната амбиции за успешни настапи и натаму се присутни во таборот на Емил Грнев, со истиот жар како и што успешно се реализираше изминатата сезона.

Првата фаза од подготовките минува во Штип, а од 14. јули следи втората фаза во својата база во Пехчево каде ќе бидат одиграни и пријателски натпревари.

„Подготовките течат во најдобар ред. Огромна е желбата кај играчите за докажување уште од самиот старт на подготовките, што носи дополнителен ентузијазам кај сите нас“ – вели тренерот Емил Грнев.

Во составот е приклучен и младинскиот репрезентативец Јонуз Рушту кој пристигна од редовите на Работнички. Првиот пријателски натпревар ќе биде против Слога Виница на 24. јули, а потоа ќе следат и тест дуелите со Осогово, Трајал Крушевац и Детонит. Генералката пред стартот на сезоната е закажана за 14. август против струмичка Беласица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!