ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кит Го ја победи Беласица на „генералката“ во Струмица

Фудбалерите на Кит Го со триумф од 1-2 на гостувањето против Беласица во Струмица ја завршија „генералката“ пред стартот на сезоната во Втората лига – Исток.

Избраниците на Емил Грнев беа подобар тим на теренот од струмичани сосема заслужено доаѓајќи до победата. Кит Го поведе уште во првото полувреме со голот на Рунтев а на асистенција на Тони Мичковски, откако претходно убава можност за 0-1 пропушти и самиот Мичковски.

На пауза се замина со предност од 0-1 за Кит Го, а домашните со голот на Милушев од пенал во вториот дел успеаја да израмнат. Сепак, победата ја донесе Зоран Андонов со погодокот од пенал за конечни 1-2, откако беше направен прекршок над најдобриот фудбалер на мечот Тони Мичковски, за удар од белата точка.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев денешниот натпревар во Струмица го почна во следниот состав: Давков, Трпчевски, Христов, Милевски, Мирчевски, Алексов, Цуцковски, Јонуз, Рунтев, Мичковски и Ступиќ. Уште играа: Андонов, Бајрамов, Ангелов, Николов и Коцев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!