ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кит Го домаќин на Плачковица, Саса на дерби со Кожуф

Во сабота се игра 16. коло од Втората лига – Исток. Кит Го на домашен терен ќе ја пречека претпоследнопласираната екипа на Плачковица. Радовишани кој излегоа од резултатската криза на Градскиот стадион во Штип доаѓаат мотивирани и со единствена цел – позитивен резултат од натпреварот во тешката борба за опстанок. Домаќините на овој меч ќе важат за фаворити и ќе го искористат домашниот терен за да дојдат до шестата сезонска победа и три бодови.

Во Македонска Каменица ќе се одигра дерби меѓу Каменица Саса и Кожуф од Гевгелија. Саса е во одлична форма, на последните пет натпревар има скор од две победи и три ремија, а домашниот терен ќе го искористи за продолжување на позитивната серија. Гостите од Гевгелија во моментот се на високото трето место на табелата со 25 освоени бодови, кој имаат скор од две ремија, еден пораз и две победи, што ќе понуди вистинско дерби и борба за победа и три бодови.

Росоман на домашен терен ќе има тешка задача против Осогово. Екипата од Кочани по тренерската смена се врати на победите, па во Росоман доаѓа по нова победа над последнопласираниот Росоман, кој има пет последователни порази на последните пет натпревари.

Победа на домашен терен ќе биде пред сериозен испит против Тиквеш, во борбата за место погоре на табелата и сигурен опстанок во Втората лига – Исток. Прилепчани влегоа резултатска криза и со двата последователни порази на домашен терен го чекаат големиот фаворит од Кавадарци.

Лидерот Брегалница ќе гостува во Виница каде ќе ги одмери силите со домаќинот Слога. Штипјани на овој меч ќе влезат како фаворити за нова победа и три бодови, како и за продолжување на позитивната серија резултати без пораз. Слога игра одлична сезона во Втората лига – Исток, со пет победи, пет пораз и пет ремија има освоено 20 бодови и се наоѓа на четвртото место на табелата, па во сабота сигурно дека ќе пружи голем отпор кон Брегалница што ќе понуди одличен и возбудлив натпревар.

Натпреварите ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!