ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кит Го домаќин на Кожуф, Тиквеш гостува кај Каменица Саса, дерби меѓу Плачковица и Осогово

Утре се играат натпревари од 18. коло од Втората лига – Исток. Коло кое што е последно од вториот круг, по што ќе следува ждрепка за третиот круг.

Во Пехчево ќе се одигра големо дерби меѓу домаќинот Кит Го и гостинот од Гевгелија, екипата на Кожуф. Натпревар кој е важен и за двете екипи во борбата за третото место на табелата. Двете екипи имаат идентична форма од последните пет натпревари, три победи, едно реми и еден пораз.

Второпласираниот Тиквеш ќе гостува во Македонска Каменица каде ќе се соочи со домаќинот Каменица Саса. Гостите од Кавадарци се значително засилени и на утрешниот натпревар ќе важат за благи фаворити против „незгодните“ рудари.

Дерби ќе се одигра и во Радовиш, каде Плачковица ќе биде домаќин на Осогово. Радовишани ќе бидат под притисок за победа и три бодови, со цел да направат чекор плус во борбата за сигурен опстанок во второлигашкото друштво, додека Осогово доаѓа со силна мотивација за победа, а тоа го најави и пред неколку дена кога ја „пецна“ Плачковица.

Росоман на домашен терен ќе има тешка задача против разиграниот лидер Брегалница. Штипските „сини“ доаѓаат како апсолутни фаворити, па се освен победа ќе биде големо изненадување на утрешниот натпревар.

Победа на домашен терен ќе се соочи со одличната Слога од Виница. Прилепчани ќе бидат под притисок за победа со цел сигурен опстанок во Втората лига – Исток, па домашниот терен е на нивна страна со цел да направат чекор напред во борбата за опстанок која ќе ја водат оваа пролет.

Табелата од Втората лига – Исток, можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во 14:00 часот, а дел од натпреварите ќе бидат пренесувани во ЖИВО и на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од ФФМ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!