ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Kит Го договори пет контролки, дефиниран планот за подготовките

До почетокот на првенството во Втората лига – Исток кој е закажан за 21 август второлигашот Кит Го од Пехчево ќе ја темпира формата преку пет пријателски натпревари.

Планот е тимот да се подготвува во својата база во Пехчево, каде екипата ќе биде во периодот од 14 до 31 јули.

Во тој период Кит Го ќе одигра натпревари против Слога Виница, Осогово, Трајал Крушевац, Детонит и “генералката” е планирана против Беласица на 14 август.

Во наредниот период екипата ќе се засили со неколку нови имиња, се преговара со неколку играчи, а во подготвителниот период ќе има и неколку млади играчи кои ќе бидат на проба во Пехчево.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!