ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кире Маркоски најново засилување за Вардар

Најтофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес го претстави Кире Маркоски како најново засилување за новата сезона, во која „вардарци“ ќе атакуваат на директен влез во елитата.

27-годишниот напаѓач потпиша едногодишен договор со Вардар, а во својата кариера има и 5 настапи и еден постигнат гол за најдобрата репрезентација на Македонија, 6 погодоци и 15 настапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европските првенство во 2017 година.

Маркоски има над 150 настапи во Првата македонска фудбалска лига, освоена една титула и два Купа. Како интернационалец има настапи во Аел Лимасол на Кипар и Спартак Трнава каде го освојува Купот на Словачка во 2019 година.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ 074 241 247

На стартот од новата сезона Вардар забележа два победи и едно реми, а во следното коло на домашен терен ќе игра против Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!