ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Кире Маркоски е нов играч на Шкендија

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, екипата на Шкендија го претстави крилниот напаѓач Кире Маркоски како најново засилување.

Петтото зимско засилување на Шкендија стави потпис на договор од една и пол година.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

26-годишникот во Тетово доаѓа од редовите на Шкупи, а во својата кариера охриѓанецот има настапувано за Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава и Академија Пандев.

„Желбата на секој играч кој настапува во домашното првенство е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што денеска потпишувам со Шкендија, бидејќи се создава многу силен тим кој има за цел да ја одбрани титулата во ПМФЛ. Мислам дека во Шкендија ќе можам уште повеќе да се развивам како фудбалер. Едвај чекам да почне првенството за да го дадам максимумот и заедно со соиграчите да запишеме нов голем успех за Шкендија“, изјави Маркоски кој веднаш по потпишувањето на договорот му се приклучи на тимот во тренинг кампот во Анталија, Турција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!