Кире Лазаров избран за НАЈДОБАР десен бек на деценијата!

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров доби ново признание во својата кариера и е избран за најдобар десен бек на деценијата во светот, согласно изборот на читателите на специјализираната ракометна интернет-страница „Хендбол планет“.
Во анкетата Лазаров доби 67% од вкупните гласови околу изборот за ракометар на десната бековска позиција, односно 6.400 гласа, а зад него останаа Ласло Наѓ (23%, 2,179 гласа) и Алекс Душебајев (10%, 997 гласа). Лазаров доби и најмногу гласови од жирито – вкупно 34.
Тимот на декадата во анкетата на „Хендбол планет“:
Лево крило на декадата: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек на декадата: Микел Хансен (ПСЖ)
Плејмејкер на декадата: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек на декадата: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило на декадата: Лук Абало (Елверум)
Голман на декадата: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот на декадата: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец на декадата: Виран Морос (ПСЖ)
За најдобар ракометар во последната декада избран е францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ. Тимур Дибиров од Вардар е прогласен за најдобро лево крило.