Европски ФудбалФудбал

Килијан Мбапе уште еднаш си ја отвори душата: Што и да се случи ќе играм за голем клуб

Килијан Мбапе летово беше на прагот да се пресели во Реал Мадрид, но ПСЖ одби неколку неверојатни понуди од Мадрид.

Договорот на Мбапе со парижаните истекува на лето и јасно е дека ќе биде тешко да го задржи, а Французинот во последните неколку месеци прилично отворено зборува за се.

Така беше и овој пат кога зборуваше во интервју со Тиери Анри и рече дека ќе игра за голем клуб – што и да се случи.

Тој откри и дека размислувал за заминување за време на Европското првенство.

„За време на Европското првенство си поставував многу прашања. Разговарав со моите родители, сфатив дека сакам да заминам, знаев дека сакам нов предизвик, а тие ми рекоа да се фокусирам на теренот. Можеби потрошив премногу енергија на други работи. Дали бев разочаран од неуспешниот трансфер во Реал Мадрид? Отпрвин бев разочаран, но јас сум од Париз, дома сум, со моето семејство, не играм во трета лига, но се борам за Лигата на шампионите. Но, сакам да откријам нешто ново. Што се однесува до мојата иднина, тоа нема да биде лесна одлука. Што и да се случи, ќе играм за голем клуб“, изјави Мбапе.

Многумина неговите зборови ги толкуваат како уште една потврда за трансферот во Реал Мадрид, бидејќи Мбапе не ни размислува за потпис на нов договор, ќе биде слободен, а негов сон е Кралскиот клуб.

Теренот за неговото доаѓање го подготвува и Флорентино Перез, кој клубот го напуштаат некои од најплатените играчи, а тоа се Марсело, Иско, Герет Бејл, можеби Еден Азар и се е подготвено за Мбапе.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!