ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кичевски Напредок бара помош за да ја плати котизацијата, со цел клубот да не згасне во целост!

Формиран е Иницијативен одбор за спас на Напредок од Кичево кој некогаш беше и дел од Првата македонска фудбалска лига. За жал денес клубот е член на Третата лига – Запад и со последни сили се бори за опстанок.

Спортска Мрежа уште пред пет месеци објави текст преку кој беше пренесено соопштението на клубот кој бараше помош и тогаш со цел да не згасне.

Клубот сега бара помош со цел да може да ја плати котизацијата како би можел да игра во Третата лига – Запад. Краен рок за плаќање на котизацијата е 29 септември, времето е кратко, а вистината на котизацијата за есенската полусезона изнесува 75.000 денари.

Целосното соопштение на клубот:

Сите кои ќе донираат ќе добијат потврда за донираните средства.

Лица за контакт:
Ѓоко Трпески: 070-686-598
Дишко Симјаноски: 070-983-826

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!