РакометРакомет - Прва лига

Кичево подобар на контролката со Јехона

Ракометниот прволигаш Кичево вчера одигра контролен натпревар против Јехона кој го доби со 30:27.

Во редовите на екипата на Кичево најдобри беа Стојчески и Љакоски, заедно со голманот Дејан Михајлоски кој имаше 13 одбрани и кој е тренер на екипата.

Следен тест за Кичево ќе биде против втората екипа на Охрид, а до крајот на подготовките ќе следат два теста против младинците на Еурофарм Пелистер.

Кичевскиот прволигаш ќе игра во плеј-аутот од Првата ракометна лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!