Кесар: Да го оправдаме првото место против Работнички и ТФТ

Утре на распоред е големото кошаркарско дерби во Спортско рекреативниот центар – Кале, каде ќе се соочат непоразените Работички и Пелистер во меч од 10. коло од домашното првенство. Пелистер има максимални 10 бодови и се наоѓа на второто место, додека Работнички со максимални 8 освоени бодови е на петтото место на табелата.
Игор Кесар од Пелистер даде изјава пред кошаркарското дерби со Работнички.
„Моментално имаме скор од 5:0 од пет натпревари имаме пет победи, но тоа не значи ништо. Во недела играме со Работнички, а во среда со ТФТ, се надевам дека ќе продолжиме со истото темпо како и да го оправдаме првото место на коешто сме моментално“, вели Игор Кесар од КК Пелистер.
Во среда Пелистер ќе го одигра последниот натпревар за 2020 година, на гостински терен во Скопје ќе се соочи со екипата на ТФТ.
Натпреварот со Работнички се игра со почеток од 17:00 часот.