Европски ФудбалФудбал

Келехер го продолжи договорот со Ливерпул

Ливерпул потврди дека потпишал нов повеќегодишен договор со голманот Каомин Келехер.

„Каомин Келехер потпиша нов повеќегодишен договор со Ливерпул. Нашиот голман потпиша нов договор по сезоната во која запиша пет настапи за првиот тим во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Каомин го направи и својот прв настап за репрезентацијата на Република Ирска“, објави Ливерпул.

„Јас сум многу среќен поради сработеното, преговорите траат веќе неколку месеци, па затоа сум воодушевен што заврши. За мене, ова е позитивен момент да продолжам да работам со толку голем клуб и ќе ми биде чест да бидам таму во следните неколку години. Едноставно, сакам да продолжам да напредувам“, рече Келехер.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!