Европски ФудбалФудбал

Кејн: Тотенхем ? Не разговаравме за мојата иднина!

Капитенот на Англија, Хари Кејн изјави дека не разговарал со управата на Тотенхем за неговата иднина, бидејќи во моментов е фокусиран само на Европското првенство.

Светските медиуми со месеци најавуваа заминување на 27-годишникот од Лондон. Кејн, наводно, веќе им рекол на челниците на Спарс дека сака да замине, а за време на континенталниот шампионат се појавија информации дека Манчестер Сити испратил конкретна понуда.

„Не ми пречат тие приказни, не ми е гајле за нив. Јас сум со репрезентацијата, се обидувам да им помогнам на момците, да бидам лидер на тимот“, рече Кејн.

На прашањето дали разговарал со раководството на Тотенхем за неговата иднина, тој рече:

„Ми посакаа среќа на првенството. Но, ние не разговаравме за околу мојата иднина. Да бидам целосно искрен, не ни прочитав што е напишано. Благодарение на искуството што го имам, знам дека треба да бидам фокусиран на турнирот.

Одговорот на прашањето каде Кејн ќе ја продолжи кариерата ќе треба да почека до крајот на Европското.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!