Европски ФудбалФудбал

Кејн не е реална опција за Манчестер Сити, Гвардиола оди на шопинг во Барселона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше насочен кон алтернатива на нападот во случај Хари Кејн да не дојде, а таа е ни помалку ни повеќе фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, пренесува „Мундо Депортиво“.

Кејн е првата желба на Сити со месеци наназад, но има сè погласни најави од Тотенхем дека нема да го пуштат ни летово.

На „Етихад“ се свести за тоа, па затоа се свртуваат кон други опции, а посакуваната и остварлива се наоѓа во ликот на Гризман. Французинот не се докажа во Барселона, а ако ги имаме предвид финансиските тешкотии на каталонскиот клуб, јасно е дека разделбата е поизводлива отколку со Кејн.

Барселона и Сити негуваат одлични односи, а клучна алка е Гвардиола. Ова лето, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро тргнаа кон Каталонија и се очекува некој да тргне во спротивна насока.

Гризман е исто така голем товар за буџетот на Барселона, бидејќи тој е втор најплатен играч во клубот по Лионел Меси.

Со реализицијата на овој трансфер, многу брзо би требало Меси да стави потпис на нов договор со Барселона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!