ФудбалФутсал

Кеги Моби со убедлива победа над Мал Ајакс

Кеги Моби денес на домашен терен со 4:1 славеше над Мал Ајакс од Штип во натпревар од 13. коло од Првата футсал лига.

Во првиот дел од натпреварот одигран во Велес мрежите мируваа. Во вториот дел паднаа дури пет гола. Резултатот го отворија велешани со гол на Чоков Димитар во 25. минута. Во 32. минута Тодоровски Димче зголеми на 2:0, а Спасовски Жарко во 37. минута на 3:0. Една минута подоцна Пановски Александар ја погоди противничката мрежа за 4:0. Во последните секудни од натпреварот Димитровски Дарко постигна гол за конечни 4:1.

Во следното коло Кеги Моби ќе гостува кај Карадаку, додека Мал Ајакс ќе биде домаќин на Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!