
Кеги Моби сосема очекувано со убедливи 6:0 го доби Мал Ајакс и се враќа во Првата футсал лига. Велешани беа фаворити на овој натпревар, а тоа го оправдаа со убедлива победа.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Двоен стрелец беше Зоран Трајков, а по еден гол постигнаа Кирил Ивановски, Жарко Спасовски, Бобан Давчевски и Костадин Петров.
Мал Ајакс остана без „муниција“ и немаше сили да му парира на Кеги Моби кој од следната сезона ќе настапува во Првата футсал лига на Македонија.
Астибо на домашниот терен во Штип со 8:3 го среди СЕЕ Университи. Штипјани важеа за фаворити на овој меч и тоа го правдаа. По два погодоци за Астибо постигнаа Александар Божинов и Марио Филиповски, а по еден гол постигнаа Марјан Зашков, Иван Николовски, Борче Лазовски и Горан Арсовски.
За гостите од Тетово двоен стрелец беше Бесник Сулемани, а во листата на стрелци за СЕЕ Университи се запиша и Хисен Мемеди.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Колото беше отворено во Пробиштип со убедливата победа на Овче Поле од 1:4 над Црешово Топче, а колото ќе биде затворено утре со дербито во Кавадарци меѓу Клими и Конзули од Битола.