ФудбалФутсал

Кеги Моби го преслуша СЕЕ Университи, Ѓуров и Ивановски ја искинаа мрежата во Тетово

Вечерва во Тетово беше отворено 17. коло на Втората футсал лига, а во воведниот меч лидерот Кеги Моби со убедливи 2:9 го торпедираше домаќинот СЕЕ Университи.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Димче Ѓуров со четири и Кирил Ивановски со три погодоци ја искинаа мрежата во Тетово, а двоен стрелец за велешани беше Адил Адиловиќ.

За домашната екипа погодоците ги постигнаа Хисен Мемеди и Гезим Азизов.

Правдата на мечот во Тетово ја делеа Тоше Ицев од Кавадарци и Музафер Исмаили од Боговиње.

Лидерот од Велес вечерва го запиша својот 12-ти сезонски триумф и има 40 освоени бодови, додека пак СЕЕ Университи го претрпе 9-тиот сезонски пораз.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Утре се играа натпреварите меѓу Овче Поле и Каршлк и мечот меѓу Форца и Црешово Топче, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со мечот меѓу Конзули и Астибо.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!