ОстанатоФудбалФутсал

Кеги Моби го доби дуелот во Свети Николе, Спасов му донесе прва радост на Црешово Топче, Форца го доби дербито со Астибо!

Дуелот во Свети Николе заврши со триумф за Кеги Моби кој со 4:7 славеше над домаќинот Овче Поле и со тоа останува на врвот од табелата во Втората футсал лига и ќе презими како лидер на табелата, односно како есенски првак.

Костадин Петров беше херојот на велешани кој постигна четири погодоци, а по еден погодок постигнаа Зоран Трајков, Димче Ѓуров и Давид Тодоров. Кај домаќините Александар Петровски беше двоен стрелец, а по еден погодок постигнаа Павел Смиљков и Икица Јованов.

Поради неспортско однесување голманот на домашните Саше Арсов заработи директен црвен картон.

Екипата на Форца

Форца го доби дербито со Астибо откако дома со 4:3 славеше над штипскиот противник. За домаќинот стрелци беа Бесим Мустафи, Екрем Мемеди, капитенот Ергин Шерифи и Стефан Трендафиловски, а пак кај гостите стрелаа Иван Стојчев, а пак двоен стрелец беше капитенот Иван Левков.

Во 30. минута од играта Бесим Мустафи заработи втор жолт картон поради недозволен старт.

Црешово Топче за првпат во новата сезона се израдува на триумф откако во Штип со високи 1:6 славеше над „фенерџијата“ Кардшлк кој немаше сили да му парира на противникот. Мартин Спасов постигна четири погодоци, а по еден постигнаа капитенот Антонио Стојчов и Стефан Додевски, додека пак за домашните стрелец на единствениот гол беше Нешат Демиров.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!