ФудбалФутсал

Кеги Моби домаќин на Енхалон, дерби меѓу Шкупи и Арбен Бајрами

Викендот на програмата е второто коло од Првата футсал лига на Македонија.

Колото ќе биде отворено в сабота со два натпревари во Скопје и Велес. Во Чаир ќе гледаме дерби дуел меѓу актуелниот шампион Шкупи и освојувачот на Купот Арбен Бајрами.

Дерби дуел во кој домашниот тим ќе има блага фаворитска предност за трите бодови кои се од голема важност и за двете екипи кои целат кон освојување на првенството.

Во Велес повратникот во елитата Кеги Моби ќе се соочи со струшки Енхалон во меч каде и двете екипи ќе бркаат први бодови и прво сезонско славје, откако и двете екипи запишаа порази во воведното коло од новата сезона.

Двата натпревари ќе стартуваат во 19:00 часот.

В недела со фаворитот Проект на домашниот терен во Гевгелија ќе го пречека новиот второлигаш Форца во меч кој ќе започне во 13 часот. Час и половина подоцна (14:30) ќе започне дуелот меѓу Железарец и Карадаку, додека пак во 17:30 во Скопје ќе се судрат Јувентус Серава и Црна Река со што ќе биде комплетирано 2. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!