Европски ФудбалФудбал

Ќе има ли конечно одговор: Дали Роналдо останува во Јувентус ?

Раководството на Јувентус ќе разговара со менаџерот на фудбалерот Кристијано Роналдо за да открие дали Португалецот сака да игра за торинскиот клуб и следната сезона.

Роналдо не побара трансфер, ниту Јувенутус е заинтересиран за неговото заминување, па се шпекулира дека тој може да остане во Торино и следната сезона.

Според „Калчомеркато“, менаџерот Хорхе Мендеш ќе се обиде да договори нов договор со Јувентус за време на преговорите што ќе се одржат во наредните денови.

Јувентус не брза со одлуката, но поради преодниот рок би било корисно да се реши ситуацијата што е можно побрзо. Се очекува управата на клубот јасно да разговара со Мендеш за иднината и да донесе конечна одлука.

Активностите на Јувентус во летниот преоден рок зависат од иднината на Роналдо во клубот.

Роналдо играше со репрезентацијата на Португалија на Европското првенство и во моментов е на одмор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!