ЕУРО 2020Фудбал

Ќе добиеме нов шампион: Белгија ја исфрли Португалија на ЕП!

Фудбалската репрезентација на Белгија го елиминираше актуелниот шампион Португалија, победувајќи го со 1-0 во осминафиналето.

Единствениот погодок на мечот одигран во Севиља го постигна Торган Азар во 42-та минута, кога ја испука топката од работ на казнениот простор и го совлада Руи Патрисио.

Белгија со тоа го резервираше четвртфиналниот дуел со Италија. Натпреварот е закажан за петок, 2 јули, во Минхен.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!