Европски ФудбалФудбал

Казната на Онана намалена, тој се враќа на фудбалските терени во ноември

Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја смени казната на голманот на Ајакс, Андреа Онана.

Андре Онана беше суспендиран на 12 месеци, но сега казната му е намалена за три месеци откако поднесе жалба до Судот за спортска арбитража. Онана ќе може да се врати на фудбалските терени на 4 ноември.

Онана беше суспендиран откако допинг-тестот покажа присуство на недозволена супстанца фуросемид. Онана од првиот момент тврдеше дека е невин и забранетата супстанца ја има земено случајно, преку лек на неговата сопрруга кога не се чувствувал добро.

Судската постапка за жалбата на Онана беше спроведена преку Интернет, а по четиричасовна дискусија беше одлучено да му се намали казната. Ќе му биде дозволено да започне со тренинзи два месеци пред истекот на суспензијата, на 3 септември.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!