ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ќатип Османи се очекува да биде промовиран како нов тренер на Шкендија

Откако вчера Шкендија соопшти дека Артим Шаќири нема да биде повеќе тренер, денес или утре се очекува промоција на новиот тренер.

Станува збор за добро познатиот Ќатип Османи кој треба да биде промовиран во нов тренер, кој по трет пат се враќа на клупата на Шкендија.

Османи е легенда на клубот со кого има освоено три шампиоснки титули, како и еден пехар од Купот на Македонија.

Тој ја водеше Шкендија во еприод од 2010 до 2012, како и од 2017 до 2020 година.

Шкендија има седум бода негатива во однос на непоразениот лидер Струга Трим Љум, а целта тетовци покрај излезот во Европа ќе биде и шампионската титула во домашното првенство.

Покрај тренерската промена, во Шкендија ќе има и значајни промени и во раководството на клубот од Тетово.

Шкендија во следното коло ќе биде слободна, а потоа на домашен терен ја очекува дерби пресметка со актуелниот шампион Шкупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!