ФудбалФудбал - Македонска репрезентација
Катастрофален пораз на Македонија од Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва доживеа голем пораз од Грузија (0:3) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на третиот натпревар од Лигата на Нации.
Македонија беше подобар противник во првите 45 минути, но во вториот дел потфрли, а тоа Грузија го искористи и казни со три погодоци за убедлив триумф во Скопје.
Зивзивадзе го отвори резултатот во 52. минута за водство на Грузија од 0:1,а десет минути подоцна Кварацхелија ја удвои предноста за гостите. Во 84. минута Китеисшвили погоди за убедливи 0:3.
Ваквиот резултат воопшто не одговара за нашата репрезентација, додека пак Грузија ја поправа грешката од пред две години и скоро сигурно е пред нов бараж за пласман на Европско првенство преку Лигата на Нации.