Европски ФудбалФудбал

Карло гледа замена за Рамос во Кјелини

Искусниот стопер Џорџо Кјелини беше еден од најзаслужните фудбалери на италијанската репрезентација за освојување на Европското првенство, но познато е дека тој нема да ја продолжи соработката со торински Јувентус, каде тој е член од 2004 година.

Според италијанскиот „Калчомеркато“, новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е заинтересиран за 36-годишниот Кјелини и би сакал да го види во главниот град на Шпанија.

Реал остана без својот долгогодишен капитен – стоперот Серхио Рамос по 16 години го напушти стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој стана нов играч на Пари Сен Жермен.

Анчелоти верува дека Кјелини би можел да го компензира отсуството на Рамос со својата харизма и искуство, но исто така се подготвува и за можно заминување на Рафаел Варан – францускиот стопер е се поблизу до Манчестер Јунајтед.

„Калчомеркато“ наведува дека Реал е среќен што му нуди на Кјелини договор за една сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!