Европски ФудбалФудбал

Карло: Барса не е наш конкурент

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти вели дека Лука Модриќ нема да игра на натпреварот против Кадиз, иако добил негативен тест за коронавирус, додека Еден Азар ќе биде во тимот од стартот.

„Кралскиот клуб“ го чека Кадиз во 18. коло од Ла Лига. Анчелоти за тој дуел не може да смета на Модриќ, Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсел и Родриго.

„Модриќ е негативен, но не продолжува да тренира. Малку е уморен затоа што имаше треска. Тој нема да игра. Ќе видиме во наредните денови каква е ситуацијата со него, па ќе имаме јасна слика кога ќе биде на теренот“, изјави Италијанецот.

За разлика од него, Еден Азар е подготвен.

„Тој ќе игра од самиот почеток. Ќе игра не само затоа што мора, туку затоа што тренираше добро и заслужи да игра. Ништо не се смени со него, тој е желен за игра. Неговиот проблем е што не е секогаш 100 отсто подготвен, сега е. Беше добар на тренинзите, покажа желба. Тој не е навикнат на десното крило, поради што ги претпочитав Марко Асенсио и Родриго. Тој има потенцијал да биде од голема корист за тимот во вториот дел од сезоната. Бензема ќе игра и против Кадиз.“

Мадриѓаните се лидери во шампионатот со 42 бода, осум повеќе од Севиља која има еден меч помалку. Најголемиот ривал на Барселона моментално е на далеку осмата позиција со 18 бодови помалку.

„Барселона сега не е наш директен ривал, бидејќи на табелата имаме други тимови кои се многу поблиску до нас. „Барселона има квалитет да напредува понатаму, особено под тренерот Чави“, изјави Дон Карло.

В недела од 21 часот се игра дуелот Реал – Кадиз.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!