Каревски: Се надевам дека сите шанси ќе ги реализираме, одиме на победа против Лирија

Утре во рамки на 15. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад екипата на Демир Хисар ќе гостува кај Лирија од Грнчари. Пролетниот дел Демир Хисар го стартуваше со пораз на домашен терен од непоразениот лидер Караорман.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Голгетерот на Демир Хисар, Стефан Каревски за Спортска Мрежа вели дека Караорман е супер екипа со високи амбиции, поразот не влијаел врз атмосферата во соблекувалната, а за утрешниот меч Каревски се надева дека ќе биде искористени сите шанси, додава дека одат на позитивен резултат.
„Атмосферата е супер во соблекувалната, Караорман е супер екипа со амбиција кој сака да оди на повисоко ниво, знаевме со каква екипа ќе се соочиме и затоа не ни се изгуби атмосферата во соблекувалната“, ни изјави Каревски и додава:
„Лирија од Грнчари е добра екипа која се одржува во Трета лига подолг период мислам дека и има амбиции за да оди на повисоко ниво, но кога игравме на домашен терен имавме доста шанси промашени се надевам дека на утрешниот натпревар дека сите наши шанси ќе бидат искористени и одиме на позитивен резултат.“
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247