ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Карбинци се засили со младиот Александар Илијев: Можеме да бидеме конкурентни за Втора лига!

Третолигашот Карбинци го промовираше младиот Александар Илијев како ново засилување за новата сезона од Трета лига – Исток. 19-годишникот во Карбинци доаѓа од младинците на Беласица, а својата кариера ја започна во младинските погони на штипска Брегалница.

Илијев е млад талентиран фудбал кој има квалитет и може да биде големо засилување за Карбинци во новата сезона од Трета лига – Исток, која треба да започне на 4. септември.

„Моите очекувања се дека можеме да бидеме во горниот дел од табелата ако добро се подготвиме. Сениорскиот фудбал секако е на едно повисоко ниво од младинскиот и секако треба поголемо искуство во однос на младинскиот. Сметам дека ќе биде тешка сезона, бидејќи има добри екипи и ќе биде тешко до самиот крајот. Со новиот клуб мислам дека можеме да имаме подобар успех и да бидеме конкурентни за врвот и баражот за Втора лига“, вели младиот Илијев и додава:

„Вчера го имав првиот тренинг со Карбинци, добро сум прифатен во новиот клуб, атмосферата е добра, подготовките течат во најдобар ред, имавме понапоренд тренинг, секогаш првите тренинзи се потешки. Има тежина во сениорските подготовки во однос на младинските, но секако, овој период е таков каде што мора добро да се подготвиме за почеток на сезоната. Квалитетот на останатите екипи не го знам најдобро, но ќе биде тешко со сите, сепак нашата екипа има квалитет да се бори за висок пласман. Како млад фудбалер ќе тренирам напорно за што поголем успех за мене и за клубот“, изјави Илијев за Спортска Мрежа.

Тој, исто така, се заблагодари до Беласица, неговиот претходен клуб каде настапуваше за младинската екипа на струмичката гордост.

„Голема благодарност до Беласица, им посакувам среќа и успеси во иднина.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!