ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Карбинци го тресна Дојранско Езеро, Овче Поле и Малеш го поделија „пленот“

Карбинци со убедливи 3:1 триумфираше на домашен терен над Дојранско Езеро со погодоците на Антонио Георгиевски, Дарко Стојчевски и Симе Нанков. За гостите од Дојран во финишот од мечот погоди Митко Илиев за конечни 3:1.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Шампионот Овче Поле кој ќе игра бараж за Втора лига и Малеш го поделија „пленот“ играјќи 2:2 на Градскиот стадион во Свети Николе. Марио Панев и Александар Костов погодија за домашниот тим, а пак за гостите од Берово погодоците ги постигнаа Ерол Пилов и Илија Бојчовски.

Мечот од 9. коло од Третата лига – Исток меѓу Рудар и Чешиново ќе се одигра во дополнителен термин.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!