ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Карбинци ги започна подготовките за пролетниот дел од Трета лига – Исток (ВИДЕО)
Третолигашот Карбинци ги започна подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Исток.
Денес новиот тренер Александар Берков го имаше првиот собир со екипата на игралиштето во Карбинци.
Екипата за пролетната полусезона е засилена со Марио Гоцевски, Иван Андов, Љупче Георгиевски, Антонио Маџовски и Иван Рунтев.