ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман во едно полуреме го доби Влазними и стана есенски шампион, три бода за Демир Хисар и Црно Буки

Денес беа одиграни само три од шест натпревари од 13. коло од Третата лига – Југозапад. Црно Буки сосема очекувано забележа триумф над Победа од Ивањевци со резултат од 3:1 и со победа ја затвори есенската полусезона. Домашните уште во првиот дел имаа сигурна предноста од 2:0, а погодоците ги постигнаа Драганчо Мицевски и Ангел Муневски. Во вторите 45 минута гостите преку капитенот Христијан Ангелковски намали на 2:1, а пет минути подоцна Јовица Михајљевиќ ги постави конечните 3:1.

Караорман во едно полуреме го доби Влазними и стана есенски шампион во Третата лига – Југозапад. Домашните први го отвори резултат уште во 7. минута со гол на Арди Полиси, но радоста траеше само шест минути бидејќи Белќија Ѓентали ја погоди мрежата на Емрах Хани за 1:1. Следуваа два брзи гола со што гостите очекувано ги обезбедија трите бодови. Никола Димов погоди за 1:2, а капитенот Ивица Ќелешоски по трет пат го совлада противничкиот голман за конечните 1:3.

Демир Хисар го доби дуелот со Сатеска на домашен терен (3:1) и успешно ја заокружи есенската полусезона во третолигашкото друштво на Југозапад. Први до водство дојдоа домашните со гол на Оливер Јанкуловски постигнат од пенал. На стартот од вториот дел Стевче Ангелевски го совлада противничкиот голман за 2:0. Гостите преку Јован Стоески во 54. минута намали на 2:1 и се обидоа да се вратат во гира, но Виктор Ѓорѓиовски во 73. минута ги постави конечните 3:1 со што трите бода останаа во Демир Хисар.

Останува да се доиграат уште три натпревари со цел колото да биде комплетирано пред заминувањето на зимска пауза.

Во однос на табелата Караорман ќе презими на врвот од табелата со 34 бодови, дури осум повеќе од директниот конкурент Црно Буки кој ќе биде втор.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
11211104510+3534
2128223918+2126
3127142624+222
4125612914+1521
5126332820+821
6125433121+1019
7124443129+216
8125072626015
9123361529-1412
10123272225-311
11122462134-1310
121220101352-396
13121291034-245

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!