ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман убедливо славеше против Октиси, Сатеска со голема победа над Преспа

Денес беа одиграни двата одложени натпревари од првото и третото коло од Третата лига – Југозапад.

Во одложениот натпревар од 3. коло екипата на Караорман на домашен терен славеше со убедливи 6:2 над Октиси. Голеадата покрај езерото започна во 5. минута од мечот кога Никола Димов ја стресе мрежата на Емрах Хани. Во 13. минута Илија Далчески заработи жолт картон поради недозволен старт. Водството на домашните беше дуплирано во 23. минута со погодок на капитенот Ивица Ќелешоски, а две минути подоцна Томе Речкоски стрелаше за високи 3:0. Во 27. минута Ермир Врнези и Валдрин Лога заработија жолти картони поради неспортско однесување. На четири минути пред крајот на првиот дел капитенот Ќелешоски со втор гол донесе водство од 4:0 на полувреме за домашната екипа.

По седум минути игра во вториот дел Адем Цаноски постигна гол и намали на 4:1. Валентин Ѓорѓиески поради недозволен старт во 57. минута доби жолт картон, а три минути подоцна Димтар Аќимовиќ ја погоди противничката мрежа и намали на 4:2. Во последните десет минути стружани ја зголемија предноста со нови два гола. Во 80. минута Белќија Ѓетали донесе водство од 5:2, а шест минути подоцна Илија Далчески ги постави конечните 6:2.

Седум погодоци паднаа во Волино, каде Сатеска со 4:3 славеше голема победа над Преспа во одложениот натпревар од 1. коло.

Ресенчани први го отворија резултатот во 16. минута со гол на Леонид Мијак, а само две минути подоцна Христијан Каралиоски постигна гол за водство од 0:2 за Преспа. Боге Бимбилоски во 27. минута намали на 1:2, а Мијак со втор гол донесе водство од 1:3 на полувреме за гостите од Ресен.

Во вториот дел Сатеска одигра одлично и успеа да го сврти резултатот. Со двата погодоци на Даниел Митрески во 54. и 63. минута Сатеска дојде до 3:3, а во 75. минута Александар Цоклески ги постави конечните 4:3.

На натпреварот беа поделени пет жолти картони поради недозволени стартови и неспортско однесување.

Со ова конечно се комплетирани сите четири кола од Третата лига – Југозапад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!